Дома Фудбал Погледнете како изгледа ногата на Ван Дајк по тешкиот старт за црвен картон во Премиер лига

Погледнете како изгледа ногата на Ван Дајк по тешкиот старт за црвен картон во Премиер лига

Ливерпул извојува победа против Њукасл со резултат 3:2 на Сент Џејмс Парк во второто коло од Премиер лигата.

За „црвените“ погодија Рајан Гравенберх во 35. минута, Хуго Екитике во 46. и Рио Нгумоа во десеттата минута од надополнетото време на судијата, додека за домаќините стрелци беа Бруно Гимараеш во 57. и Вилијам Осула во 88. минута.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Њукасл од крајот на првото полувреме играше со еден играч помалку откако Ентони Гордон доби директен црвен картон. Во моментот, Ливерпул правеше изнесување на топката од одбраната, кога англискиот играч за врска го следеше додавањето и пристигна до Вирџил ван Дајк. Со остар старт влета во нозете на Холанѓанецот и направи прекршок за кој подоцна беше санкциониран со црвен картон. Можете да го погледнете интервенцијата од 4:50 во видеото.

Фотографија од повредената нога на Ван Дајк се прошири по социјалните мрежи по тешкиот старт на Гордон. На сликите се гледа длабока рана на потколеницата на Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Предизвикаа реакции: Фудбалерките на Иран салутираа пред натпреварот со Австралија (Видео)

Иран е во воена состојба, а во таа атмосфера женската фудбалска репрезентација настапува н…