Дома Фудбал Погледнете ја неверојатната грешка на голманот која може да ја чини неговата репрезентација пласман на СП

Погледнете ја неверојатната грешка на голманот која може да ја чини неговата репрезентација пласман на СП

Зеленортска Република можеше да осигура историски настап на Светското првенство со победа во Либија, но уште во првата минута Роберто Лопес, играчот на одбраната на Шамрок Роверс, постигна автогол со што домашните поведоа. Гостите возвратија со погодокот на Телмо Арканхо, но брзо потоа Либија повторно беше во водство и го зголеми на 3:1.

Зеленортска Република успеаја да намалат на 3:2, но клучниот момент се случи во 76. минута кога голманот Мурад Ал Вуехеши не успеа да го зафати додавањето, топката му помина низ рацете и влезе во мрежата. За неверојатната грешка на голманот со која беше поставен конечниот резултат можете да погледнете ОВДЕ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со ова, репрезентацијата на Зеленортска Република стигна до 20 бодови, два повеќе од Камерун кој го победи Маврициус со 2:0. Неповолната разлика во головите им пречи, но поволна околност е претстојниот домашен дуел против Есватини.

Доколку успеат да победат, ќе обезбедат историско учество на Светското првенство. Ако, пак, одиграат нерешено, ќе треба да се надеват дека Камерун ќе направи грешка против Ангола. Либија останува во игра, бидејќи теоретски победата над Маврициус може да ги крене на второ место кое води во дополнителни квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест од Аргентина: Почина тренерот на Бока Јуниорс по долга борба со рак

Мигел Анхел Руисо, познатиот тренер на Бока Јуниорс и повеќе клубови во Аргентина, Чиле, М…