
Суспензијата која му беше изречена на Пол Погба поради допинг истече средината на март и тој сега бара нов клуб.
Во меѓувреме даде интервју за GQ Франција и зборуваше за целиот случај и низ што поминал.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Ако ме суспендираа на четири години немаше веќе да играм фудбал. Не сакав во тој момент да го кажам тоа јавно, но размислував токму за тоа“, рече Погба.
А потоа стигна суспензија на четири години.
„Не можев да разберам зошто ми дадоа најголема можна казна. Тоа значеше дека не слушнале ниту еден единствен збор што го кажав“.
Погба на првичната казна поднесе жалба до Судот за спортска арбитража кој донесе одлука во негова корист.
„Сè што се случи ме промени. Го видов вистинскиот живот. Тоа ме разбуди и целосно ме ресетираше. Мислам дека за момент остарев десет години“, вели Погба.