Дома Фудбал Погба одбил трансфер во Русија, мисли дека уште може да игра на врвно ниво

Погба одбил трансфер во Русија, мисли дека уште може да игра на врвно ниво

Се чинеше дека неговата кариера е завршена кога беше суспендиран на четири години поради нарушување на антидопинг правилата, но големиот мајстор на фудбалот, кој можеше да има уште поголема кариера, добива уште една шанса да игра на највисоко ниво.

На поранешниот репрезентативец на Франција, Пол Погба, на почетокот на овој месец му истече суспензијата поради користење на допинг, и сега разгледува понуди каде ќе ја продолжи кариерата. Очигледно тој се надева на враќање во некоја од најдобрите лиги, бидејќи одби профитабилна понуда од шампионот на Русија, Зенит.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


За ова денес многу пишуваат руските медиуми, потенцирајќи дека преговори меѓу двете страни и не започнале, бидејќи Погба веднаш ја отфрли можноста да се пресели во Санкт Петербург.

“Имаше предлози, имаше и интересни работи, а и не баш толку интересни работи. Русија, сето тоа, имаше понуди, но тоа не е цел. Имам други цели. Клуб што игра во Лигата на шампионите? Зошто да не. Ако дојде понуда, секако, зошто да не”, рече неодамна Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Toтенхем ќе плати 60 милиони евра за Јапонецот кој Барса и Реал не го сакаа?

Тотенхем повторно го сврте вниманието кон крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо…