
Фудбалерот на Монако Пол Погба е чекор поблиску до долгоочекуваното враќање на теренот, откако е вклучен во тимот на за утрешниот натпревар со Рен.
32-годишниот Французин се приклучи на тимот од кнежеството летово како слободен агент, по издржувањето на суспензијата од 19 месеци поради допинг. Санкцијата првично беше од четири години, но беше намалена од Спортскиот арбитражен суд.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Погба се подготвуваше да дебитира уште во мечот со Ланс на 8 ноември, но повреда на зглобот во последен момент го одложи неговото враќање. Неговиот последен официјален натпревар беше во септември 2023 година кога во тимот на Јувентус настапи против Емполи.
„Се обидуваме да му помогнеме да достигне до својот целосен потенцијал, за тимот да има корист од тоа. Пол има квалитети да се адаптира на тоа што сакаме да го имплементираме во средниот ред – не ја изгуби визијата или техниката. Тој ќе придонесе и со своето искуство и лидерски способности, како на теренот така и надвор од него”, изјави тренерот на Монако Себастијан Покоњоли.