
Пол Погба доби извонреда можност да се врати на врвот во фудбалот.
Две цели години поминаа од неговиот последен професионален натрепвар и потоа исчезна од сцената поради суспензија за допинг. Сега, има понуда од Монако кои се заинтересирани да го внесат во својот тим.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Водечкиот европски трансфер експерт Фабрицио Романо објави дека од Кнежевината е испратена понуда за двегодишна соработка со фудбалерот кој последниот натпревар го одигра за Јувентус на 14 мај 2023 година.
Ако ја прифати и потпише, Погба наскоро ќе им се приклучи на подготовките и ќе ги игра првите натпревари во сезоната 2025/26, која во Лига 1 започнува на 15 август.
Тоа значи дека ќе минат точно 27 месеци помеѓу два натпревара за играчот кој во 2018 година со репрезентацијата на Франција ја освои светската титула.
За Погба сè уште има време – има 32 години и теоретски може да се врати во старата форма. Сепак, проблем е тоа што и пред да падне на допинг тестот, поминуваше низ долга агонија со повреди, бидејќи не водеше спортски начин на живот, што често го враќаше од една повреда на друга.
Кога се врати во Јувентус од Манчестер Јунајтед во 2022 година, Погба има одиграно вкупно 12 натпревари во црно-белиот дрес и постигнал еден гол. Последната сезона со над 40 настапи беше 2020/21.