
Според истражувањата на научниците од Универзитетот во Ливерпул, навивачите на новиот шампион на Англија предизвикале потреси на земјата додека ја прославувале освоената шампионска титула.
Ливерпул во неделата ја потврди својата 20-та титула шампион на Англија откако резултатски со 5:1 го победи Тотенхем. Така ја заокружи беспрекорната сезона во Англија и се закити со најпрестижниот трофеј.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Следеше голема прослава на „Енфилд“, а навивачите на Ливерпул славеа со денови. Каква атмосфера владееше, најдобро покажува податокот дека научниците од Универзитетот во Ливерпул забележиле сериозни потреси на земјата за време на прославата.
Навивачите на „Енфилд“ предизвикале потрес на земјата со јачина од 1,74 степени според Рихтеровата скала додека го славеа голот во победата против Тотенхем.
Научниците од Универзитетот во Ливерпул целно пристигнале на „Енфилд“ за да ги мерат потенцијалните сеизмички поместувања предизвикани од публиката.
Користеа опрема која обично се користи за следење на земјотреси и утврдиле дека 60.145 навивачи на Ливерпул создавале сеизмичка активност реагирајќи на головите.
How Liverpool’s raucous Premier League title celebrations sparked seismic TREMORS at Anfield during league-clinching win over Tottenham https://t.co/Gr9JdmYF4e
— Mail Sport (@MailSport) May 2, 2025
Фото: Liverpool FC/FB