
Денеска почнува ракометниот спектакл во Охрид во Купот на Македонија, каде што Вардар, Алкалоид, Пелистер и Охрид ќе се борат за пехарот во натпреварувањето.
Целта на сите екипи е иста, односно да го завршат турнирот со освоениот трофеј во Купот, а во продолжение следат нивните очекувања.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
„Ние организиравме Ф4 Куп и Суперкуп пред три години, се надевам сите недостатоци кои ги имаше ќе бидат дополнети. Мислам дека сите ќе уживаме во ракометниот викенд. Во име на ГРК Охрид се надевам ќе играме во финалето в недела,“ кажа Ристески.
„Фајнал-форот во Купот на Мкаедонија секогаш претставувал натпреварување кое буди посебни емоции, без разлика што е второстепено во ракометот. Сите го посакуваат пехарот во своите витрини. Еурофарм Пелистер долги години го нема освоено Купот, па сега доаѓаме со амбиции да го освоиме. Купот секогаш ни приредувал изненадувања, а така може да биде и овојпат. Во вакви натпреварувања не секогаш победуваат фаворити, па се подготвувавме максимално за првиот меч со Охрид, а потоа ако се пласираме и на финалето, да го вратиме трофејот по 20 години во Битола“, изјави Шундовски.
„Ќе се обидам како колегите од другите три клуба да ги изнесам општите впечатоци. Алкалоид го брани трофејот, а согласно тоа за нас овој турнир е посебен. Јасно е дека полесно е да освоиш, отколку да обраниш трофеј. Ние се соочуваме со таков предизвик, особено бидејќи прв ривал ни е Вардар кој е претендент за трофејот и во Суперлигата. Само ќе потсетам дека Алкалоид е сериозно хендикепиран во пролетниот дел од сезоната, без многу првотимци кои се повредија. Без разлика со кој состав ќе настапиме, ќе се обидеме да забележиме добар резултат. На сите учесници на Ф4 турнирот им посакувам среќа и успех“, изјави Цветановски.
Фото: Ракометна федерација на Македонија