Дома Останати Кошарка Почнува Евробаскетот, а неколку одлични мајстори се враќаат на теренот

Почнува Евробаскетот, а неколку одлични мајстори се враќаат на теренот

Евробаскет 2025 почнува денеска и носи 20 дена врвна кошарка низ цела Европа. Иако ќе недостигаат некои од најголемите имиња на денешницата како Виктор Вембанјама, Јанис Антетокумпо и Домантас Сабонис, турнирот ќе биде збогатен со враќањето на бројни ѕвезди кои повторно сакаат да го облечат дресот на своите национални селекции.

Светислав Пешиќ го објави конечниот список на Србија на кој се наоѓа и Стефан Јовиќ. Искусниот плејмејкер, кој зад себе има четири сребра од големи натпреварувања, одлучи да се обиде репрезентативниот пат да го заврши со злато. По пауза во која семејните обврски ги стави пред спортот, Јовиќ сега е подготвен да ги води Орлите на патот кон медал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Кај Турција, селекторот Ергин Атаман повторно го вклучи Шејн Ларкин во националниот тим. Натурализираниот Американец беше исфрлен од репрезентацијата откако во 2023 година одби да игра квалификации за ОИ, но по година пауза е вратен и веќе на Суперкупот во Минхен покажа дека ќе биде важен фактор. Заедно со него, тимот го предводат Алперен Шенгјун, Џеди Осман и други талентирани играчи.

Грците исто така добија големо засилување. Враќањето на Костас Слукас, еден од најдобрите организатори на играта во последната деценија, дава дополнителна сила на Спанулисовиот тим. По одличните настапи во домашното првенство, шанса повторно доби и Тајлер Дорси, кој се враќа во репрезентацијата по три години пауза.

Во Италија, најголема вест е враќањето на Данило Галинари. Иако минатото лето објави повлекување од репрезентацијата, искусниот крилен играч одлучи да го облече дресот со азурниот грб во желба конечно да освои сениорска медалја. По пауза од скоро една година, Галинари се враќа на кошарката играјќи во Порторико, а сега се надева дека со искуството ќе им помогне на Азурите.

Причините за нивните паузи беа различни – приватни обврски, повреди или несогласувања со раководството – но сега сите имаат истата цел: да ги водат своите репрезентации до медал на Евробаскетот. На некои ова ќе им биде проштален настап со националниот тим, додека за други тоа е шанса за нов почеток.

Без разлика на мотивацијата, повратниците создаваат вистински европски „Ол-Стар“ и гарантираат дека Евробаскет 2025 ќе биде незаборавен спектакл.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Владе Дивац за првпат се појави во јавност по операцијата откако имаше тешка сообраќајка во Црна Гора

Славниот српски кошаркар Владе Дивац имаше сообраќајна несреќа средината на јуни во Црна Г…