Дома Фудбал Почина првиот црномурест судија во Премиер лигата, повторно учеше да оди

Почина првиот црномурест судија во Премиер лигата, повторно учеше да оди

Ураи Рени, првиот црномурест судија во англискиот Премиер лигашки натпревар, почина на 65 години.

Рени почина по неколкумесечна борба со редок невролошки пореметувач, кој и на крајот го доведе до инвалидското столче.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Познатиот судија од јамајканско-британско потекло се преселил во Шефилд кога имал само шест години и помина важни моменти во фудбалската сцена во Англија помеѓу 1997 и 2008 година.

Рени беше судија на над 300 натпревари, меѓу кои и 175 мечеви во Премиер лигата, а своето деби го имаше во 1997 година на натпреварот помеѓу Дерби и Вимблдон.

Во телевизиско интервју за BBC во април, откри дека на одмор во Турција минатата година почувствувал силна болка во грбот која подоцна се испостави како неоперабилен невролошки пореметувач, чија последица беше парализа од половината надолу, што го принуди повторно да учи да оди.

Рени беше магистер по бизнис администрација и право, а во ноември 2023 година доби почесен докторат од Универзитетот Шефид Халам за извонреден придонес во спортот и работата во заедницата.


Фото: YouTube/Screenshot
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Раниери може да стане селектор на Италија – има само еден услов!

Лучијано Спалети заминува од клупата на Италија по денешниот натпревар против Молдавија, п…