Почина Волфганг де Бер, познат и како Теди, поранешниот голман на Борусија Дортмунд кој помина речиси 40 години во клубот.
Борусија објави дека Де Бер ненадејно починал на 30 декември, а на 2 јануари требало да го прослави својот 61 роденден. Од 2018 година, тој работи во клубот како раководител на одделот за односи со навивачите.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Де Бер пристигна во Борусија во 1986 година од Дуизбург. Првите неколку години беше почетниот голман, а во средината на 90-тите стана резервен. Со Дортмунд освои две Бундеслиги, една Лига на шампиони и еден Куп на Германија. Тој се пензионираше во 2001 година и веднаш го презеде местото тренер на голманите во Борусија, што го работеше цели 17 години.
“Теди беше еден од добрите момци. На теренот, но особено надвор од теренот. Човек што можеш да го допреш. Цврсто приземјен. Човек кој секогаш беше многу близок со луѓето со својот пулс, срце и внимание. Знаеше да слуша на другите и беше некој што секогаш сакаше да биде близок со него.
До крајот беше страсно активен за клубот и работеше со навивачите. Тој остана во близок контакт со оние кои му дадоа толку многу во текот на неговата кариера“, напишаа од Борусија.