Дома Останати Кошарка Победникот ќе се решава во „мајсторка“: Јокиќ како да не играше во второто полувреме, Вестбрук се посрамоти (Видео)

Победникот ќе се решава во „мајсторка“: Јокиќ како да не играше во второто полувреме, Вестбрук се посрамоти (Видео)

Кошаркарите на Денвер го запишаа поразот во шестата игра од четвртфиналето на плеј-офот. Нивниот противник е тимот на ЛА Клиперс кој славеше со 111:105, па резултатот во оваа серија сега е 3:3.

Патникот во полуфиналето на плеј-офот така ќе биде одлучен во седмата игра која ќе се игра во Денвер.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Никола Јокиќ одигра одлично прво полувреме, но во второто полувреме противничките играчи го чуваа одлично.

Играта на Денвер беше далеку од тоа што се очекува, па домаќините направија одлична предност во оваа игра.

Денвер успеа да се врати, но Вестбрук во завршницата на играта успеа да промаши два големи зицери и јасно беше дека ќе биде запишан пораз.

Клиперс имаа во последната четвртина водство и до 15 разлика, но Денвер две и пол минути до крајот на играта стигна на минус шест.

Следеа претходно споменатите промашувања на Вестбрук, па домаќините запишаа победа и извојуваа седма игра.

Никола Јокиќ играта ја заврши со 25 постигнати поени, седум скока и осум асистенции.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легенда тврди: Јокиќ во 90-тите сигурно не би доминирал во НБА!

Еден од најдобрите крилни играчи во историјата на кошарката, Скот Пипен, во нтервју за „Ма…