
Минимум пет клубови од Англија следната сезона ќе играат во фудбалската Лига на шампиони, потврдено е по победата на Арсенал против Реал Мадрид во првиot натпревар од четвртфиналето на тоа натпреварување.
На англиските клубови им беше потребна само една победа во било кое од трите меѓународни клупски натпреварувања под покровителство на Европската фудбалска унија (УЕФА) за да преку подобрувањето на УЕФА-коефициентот обезбедат петти претставник во Лигата на шампиони за следната сезона, пренесе Би-Би-Си (BBC).
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Англија може да има дури седум претставници во Лигата на шампиони наредната сезона. Тоа би се случило ако Астон Вила ја освои Лигата на шампиони оваа сезона, а при тоа не успее да обезбеди пласман преку Премиер лигата, и ако Манчестер јунајтед или Тотенхем ја освојат Лигата на Европа.
Астон Вила е седма на табелата во Премиер лигата, а во четвртфиналето на Лигата на шампиони игра против Пари Сен Жермен. Манчестер јунајтед во двомечот четвртфинале на Лигата на Европа игра против Лион, додека Тотенхем има за противник Ајнтрахт од Франкфурт.
На првите пет места на табелата на Премиер лигата, кои носат пласман во Лигата на шампиони, во моментов се наоѓаат Ливерпул, Арсенал, Нотингем Форест, Челси и Њукасл.
Фото: Arsenal/FB