Дома Останати Кошарка По пет натпревари Јокиќ се врати и – издоминира за нови рекорид! (Видео)

По пет натпревари Јокиќ се врати и – издоминира за нови рекорид! (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, се врати против Милвоки Бакс по повредата и доминираше поставувајќи нови рекорди.

Јокиќ пропушти пет натпревари поради повреда на зглобот на левата нога, а во првиот натпревар по враќањето на теренот го совлада Милвоки.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Денвер славеше со резултат од 127:117, а Јокиќ го заврши натпреварот со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Тоа беше 30-от трипл-дабл за Јокиќ оваа сезона, кој постави личен, но и рекорд на Нагетс по бројот на трипл-даблови во една сезона.

Јокиќ стана четвртиот кошаркар откако постои најсилната лига во светот кој успеал да стигне до 30 трипл-даблови во сезона. Претходно, тоа го успеале само Расел Вестбрук (три пати), Оскар Робертсон и Вилт Чемберлејн.

Да потсетиме, на вечната листа по бројот на трипл-даблови, Јокиќ е на третото место со 161. Пред него се само Оскар Робертсон со 181 и Расел Вестбрук со 203 трипл-даблови.

Со оглед на тоа дека Јокиќ штотуку наполни 30 години, ако здравјето го служи, нема сомнение дека има извонредно реални шанси да заврши кариерата на врвот од оваа престижна листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ и Џејмс направија магија која го воодушеви светот (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа тимот на Мемфис со резултат 134:127, а покр…