Дома Фудбал ПМФЛ: Скопското дерби за Вардар, Струга ја „тресна“ Шкендија!

ПМФЛ: Скопското дерби за Вардар, Струга ја „тресна“ Шкендија!

Фудбалерите на Вардар славеа победа во скопското дерби со Работнички од 0:2 и освоија важни три бода во битката за опстанок.

Натпреварот денеска беше отворен со голот на Спахиу во 36. минута од средбата. Во продолжение видовме уште по некоја прилика на двете страни, но за втор гол се чекаше до самиот финиш од средбата кога беа поставени конечните 0:2.

Пред голот на Спахиу удар од белата точка не реализираше Омерагиќ.

Бодови денеска освои и Струга која по три порази во низа успеа да слави со 3:0 и тоа против лидерот на табелата Шкендија. Ова беше и прва победа во вториот натпревар на клупата за Илчо Ѓорѓиоск.

Сите три гола домаќините ги постигнаа во вториот дел. Двапати стрелаше Радиќ и еднаш Радески.

Најубедливиот триумф во денешните дуели го оствари Силекс кој на гости ја прегази Беса со 0:5. На останатите три средби пибеди од по 1:0 славеа Пелистер и Тиквеш на свој терен против Воска и Шкупи, а со истиот резлтат на гостински триумф запиша Гостивар над Брера во Струмица.

ТАБЕЛА: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 31, Пелистер 26,, Брера 20, Вардар 20, Тиквеш 18, Воска Спорт 18, Беса 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ промашуваше, Ливерпул победи

На гостувањето против ПСЖ, Ливерпул оствари важен триумф, Баерн Минхен е на чекор до четвр…