Дома Фудбал Платен беше 55 милиони евра и требаше да игра за Англија, сега ќе го носи дресот на Конго

Платен беше 55 милиони евра и требаше да игра за Англија, сега ќе го носи дресот на Конго

Арон Ван-Бисака (27), десен бек на англискиот премиерлигаш Вест Хем, доби повик од репрезентацијата на ДР Конго, земјата од која потекнува.

Ван-Бисака е роден во Англија и играл за англиската репрезентација во помладите категории, а во 2019 година по одличниот старт во дресот на Манчестер Јунајтед, каде што пристигна од Кристал Палас за 55 милиони евра, доби повик за настап во сениорската репрезентација. Сепак, поради повреда отпадна од таа акција, а подоцна повеќе не беше повикуван.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Од ДР Конго неколку пати му се обратија на Ван-Бисака, но тој ги одбиваше. Сега неговото име се наоѓа на списокот од 26 играчи за пријателските натпревари против Мали и Мадагаскар кои ќе се играат на почетокот на јуни.

ДР Конго ќе игра кон крајот на годината на Африканскиот шампионат во Мароко. Во добра е позиција и по шест од десет одиграни кола, се наоѓа во завршниот круг квалификации за Светското првенство 2026. Води во група Б со 13 бода, еден повеќе од второпласираниот Сенегал. Победникот од групата ќе обезбеди директен пласман во САД, Мексико и Канада.

Фото: Manchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европско финале какво што досега немало: Борба за трофеј но и за – спас на сезоната!

Фудбалска Европа вечерва ќе го впери својот поглед кон големото финале на Лига Европа, кад…