Дома Фудбал Планот на Милан, со кој сака да го добие Леон Горецка

Планот на Милан, со кој сака да го добие Леон Горецка

Германскиот репрезентативец Леон Горецка продолжува да се поврзува со трансфер и во Милан, и во Јувентус пред летниот трансферен прозорец, но денешни информации сугерираат дека „росонерите“ веќе имаат изготвен план со кој ќе се обидат да ја надминат конкуренцијата.

Горецка ќе го напушти Баерн Минхен како слободен агент, откако неговиот договор истече, што го привлече вниманието на некои од најголемите клубови во Серија “А”. Освен Милан и Јувентус, исти информации посочуваат дека тој е посакуван и од Наполи, Интер, а и некои тимови од Премиер лигата би можеле да покажат интерес. “Гадзета дело спорт” и “Тутоспорт” тврдат дека 31-годишниот Горецка ќе сака тригодишен договор од новиот тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според “Гадзета дело спорт” Милан нема проблем со траењето на договорот, особено ако се смета дека Адриен Рабио исто така потпиша тригодишен договор на возраст од 30 години минатото лето.

Изданието сугерира дека Милан е единствениот клуб што во моментот е подготвен да му понуди тригодишен договор на Горецка, додека нивните конкуренти се поподготвени за двогодишна понуда.

Иако се смета за слободен трансфер, не се очекува доведувањето на Горецка да биде евтино. “Тутоспорт” објавува дека играчот ќе бара плата од 7 милиони евра годишно со бонус при потпишување од 10 милиони евра. Ова би го чинело Милан вкупно 31 милион евра за тригодишен период. Во меѓувреме, “Гадзета дело спорт” тврди дека „росонерите“ ќе направат понуда од 5 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналд Куман: Некогаш на „Камп Ноу“ противниците страдаа, а сега…

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, ги сподели своите гледишта за сегашната сос…