Дома Фудбал Плачеше „Итихад“ за Де Брујне, а солзи пушти и големиот Гвардиола (Видео)

Плачеше „Итихад“ за Де Брујне, а солзи пушти и големиот Гвардиола (Видео)

Манчестер сити синоќа славеше со 3-1 против Борнмут во 37. коло од англиската Премиер лига.

Манчестер Сити дојде до предност во 14. минута кога по асистенција на Ковачиќ гол постигна Мармoуш.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Домаќините успеаја до крајот на првото полувреме да постигнат и втор гол, а погоди Силва во 38. минута.

Ковачиќ во 67. минута доби црвен картон, а и гостите останаа со играч помалку во 74. минута поради исклучувањето на Кук.

Де Брујне се прости од Етихад во 69. минута, а на негово место влезе Нико кој постигна гол за 3:0 во 89. минута.

Конечниот резултат од 3:1 го постави Џебисон со голот во 96. минута од натпреварот.

Ова беше проштален натпревар за Кевин де Брујне на Етихад затоа што на крајот на сезоната заминува од Манчестер Сити.

Пред натпреварот беше организиран и специјален проштален настан за овој одличен фудбалер, а плачеа сите на стадионот.

Солзи имаше кај навивачите на трибините, Де Брујне и неговото семејство, но и големиот Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …