Дома Фудбал Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Олимпик Марсеј

Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Олимпик Марсеј

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Олимпик Марсеј, објави францускиот клуб.

Обамејанг (36) потпиша двегодишен договор со клубот од јужниот дел на Франција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој се враќа во Марсеј по една година помината во Ал Кадисија од Саудиска Арабија, за овој клуб минатата сезона одигра 36 натпревари, постигна 21 гол.

Габонскиот фудбалер одигра 77 натпревари за националниот тим и постигна 31 гол.

Обамејанг во текот на својата кариера играше и за Дижон, Лил, Монако, Сент Етјен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона и Челзи.

Марсеј ќе биде домаќин на Рен во првото коло од француското првенство на 15 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Челси не можат да поверуваат што се подготвува: Поради газдата повторно ги боли глава!

Челси повторно планира голем излез на пазарот, а името кое се споменува предизвика бројни …