
Фудбалерите на Србија го доживеаја првиот пораз во квалификациите за Светското првенство 2026. Во Белград, на стадионот Рајко Митиќ, Србија загуби од Англија со резултат 0:5. Тимот предводен од клупата од Томас Тухел ги постигна победничките голови преку Хари Кејн, Мадуеке, Конса, Марк Геи и Маркус Рашфорд. Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ “Пикси”, одржа прес-конференција.
Првото прашање се однесуваше на повиците “Пикси, оди си” и дали ќе ги исполни тие барања. “Уф… Што се однесува до тоа, луѓето имаат право на свое мислење. Имаат право да го изразат своето незадоволство, исто како што јас сум незадоволен од поразот, тие исто така од играта и поразот. Тоа е нормално, тоа е мојот коментар”, изјави тој на почетокот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како го коментирате историскиот неуспех?
Тежок натпревар и тешка вечер. Кога имате противник како Англија, тие се далеку понапред во сите аспекти на играта. Имаат брзина, сила, техника и резултатот е пораз. Важно е да разбереме дека ова е реалноста каде сме ние во споредба со нив.
Англискиот тим е дел од врвот на европскиот фудбал, дел од кремата, и доминираа заслужено. Против таков тим сте немоќни, и на крајот треба да се соочите со тоа. Покажаа доминација и заслужено постигнаа голови, па добивте и црвен картон што придонесе за убедливоста. Никако не заслуживме подобар резултат.
Не одговоривте на прашањето за оставка?
Навистина сте заинтересирани за оставка, повторувам. Луѓето имаат право на незадоволство, но, ние не загубивме од Латвија, Андора или не знам кој. Загубивме од фудбалска суперсила, нели е јасно? Не загубивме од екипа која е на наше ниво или под него, па да кажеме дека е катастрофа. Бидете реални, ако можете. Ако не, тогаш ништо.
Луѓето имаат право да изразат незадоволство, и јасно ми е. Во овие четири години е направено многу добро и еден неуспех или еден натпревар против таква суперсила не може да го поништи тоа. Ако мислите дека сме фудбалско чудо и треба да ја победиме Англија, во ред, доведете некој што тоа може.
Прашувајте ги тие луѓе. Не сум разговарал со нив, немам идеја, не знам што да кажам. Повикајте ги и прашајте ги, нема никаков проблем. Ако мојата оставка е решението за нашиот фудбал, за утре да бидеме чудо, нема проблем.