Дома Фудбал Пике го прашаа кој најмногу го понижил – измеша Србин и Хрват!

Пике го прашаа кој најмногу го понижил – измеша Србин и Хрват!

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, во разговор со познатиот јутубер Плекс и некогашниот ривал Марсело, откри кој фудбалер најмногу го измачил во неговата кариера, потсетувајќи се на еден заборавен напаѓач на Осасуна. На прашањето кој најмногу го “понижил”, Пике одговори со анегдота за натпревар што би сакал да го заборави, пишува Марка.

“Понижување е многу тежок збор… Имаше еден натпревар во Памплона, што го загубивме 3:2 од Осасуна, каде што имаше еден многу висок напаѓач за кој мислам дека беше Хрват”, започна Пике неговото сеќавање на натпреварот од сезоната 2011/2012 игран на стадионот Ел Садар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Легендарниот дефанзивец опиша како условите за играње биле речиси невозможни.

“Во Памплона беше многу студено и под тревникот немаше греење… беше како бетон. Сите играа во копачки за тврда трева, а ние излеговме со нашите нормални копачки. Веќе на загревањето никогаш не сум чувствувал таква фрустрација, не можев ни да тргнам ни да застанам, бидејќи обувките не се забиваа. Како цел натпревар да игравме на бетон”, објасни тој.

Иако не можеше да се сети на името на играчот, неговите партии добро ги памети. “Овој напаѓач, кого ни Пујол не можеше да го застапи, постигна два гола и буквално го направивме репрезентативец со таа игра. Тој ден беше Златна топка”, истакна Пике.

Напаѓачот на кој Пике не можеше да се сети беше Дејан Лекиќ, српски, а не хрватски фудбалер, кој играше за Осасуна од 2010 до 2012 година. Лекиќ постигна два гола на споменатиот натпревар во победата над моќната Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити и Челзи се подготвени да платат 75 милиони за новата ѕвезда на Англија

Манчестер Сити е подготвен да плати 75 милиони фунти за плејмејкерот на Нотингем Форест Ел…