
Жерар Пике, легендата на Барселона и шпанската репрезентација, беше гостин во подкастот на Икер Касиљас и во него ја изложи идејата која би требало да влијае врз тоа натпреварите да не завршуваат со резултат 0:0. Бившиот стопер, екипите чии натпревари завршуваат без голови би ги казнувал така што ниту една од нив не би добила ниту бод.
Наместо по бод за секоја екипа, како што денес се доделува, Пике е сигурен дека нулата на бодовниот контингент во случај на натпревар без голови би ги натерала двата тима во завршницата да одат по победа.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
„Не може да одиш на фудбалски стадион, да потрошиш 100€, 200€ или 300€ и натпреварот да заврши 0:0. Нешто мора да се смени. Предлогот за разгледување би бил ако натпреварот заврши 0:0, екипите да не добијат бод. Во 70-тата минута натпреварот би се отворил“, вели Пике.