Дома Фудбал Петровиќ стана најскапиот српски голман во историјата

Петровиќ стана најскапиот српски голман во историјата

Српскиот репрезентативен голман Ѓорѓе Петровиќ си заминува од редовите на Челзи, но останува во англиската Премиер лига. Како што пренесува доверливиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Петровиќ ќе ја продолжи кариерата во дресот на Борнмут.

Според информациите на Фабрицио Романо, лондонскиот клуб ќе заработи 25 милиони фунти од овој трансфер, односно околу 29 милиони евра, што е сума на која „Сините“ беа подготвени да се согласат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Петровиќ има само 25 години, а пристигна во Челзи во 2023 година. Сепак, не успеа да се избори за постојано место меѓу стативите – во дресот на лондонскиот клуб забележа само 23 настапи. Во меѓувреме беше испратен на позајмица во францускиот Стразбур.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…