Дома Фудбал Перишиќ пред трансфер во гигант со кој ќе игра во Лигата на шампионите!

Перишиќ пред трансфер во гигант со кој ќе игра во Лигата на шампионите!

Иван Перишиќ (36) имаше одлична сезона во дресот на ПСВ, каде што освои титулата холандски шампион. Ова лето му завршува договорот и станува слободен играч. Сè уште не е јасно дали ќе остане уште една година во ПСВ или ќе разгледа нови можности.

Холандскиот новинар Рик Елфринк, кој со години го следи ПСВ, пред неколку дена пишуваше дека преговорите меѓу Перишиќ и клубот се во напредна фаза. Последните информации од Елфринк покажуваат дека хрватскиот фудбалер би можел да ја продолжи кариерата во францускиот Марсеј.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Марсеј е клуб кој оваа сезона обезбеди учество во Лигата на шампионите и планира дополнително да ги зајакне своите напаѓачки редови. Покрај Перишиќ, Марсеј размислува и за ангажман на Ноа Ланг, уште еден напаѓач од ПСВ кој остави добар впечаток минатата сезона. Француската лига не би била новина за Перишиќ, бидејќи претходно во кариерата беше дел од Сошо.

Перишиќ имаше значајна улога во освојувањето на титулата на ПСВ и клубот од Ајндховен ќе направи сè што е можно за да го задржи во своите редови барем уште една година. Но, несомнено, Перишиќ продолжува да предизвикува интерес на пазарот дури и на 37 години.

Перишиќ пристигна во ПСВ минатото лето како слободен играч и брзо се наметна како еден од клучните играчи. Во сезоната зад нас забележа 27 настапи во сите натпреварувања, при што постигна девет голови и сподели девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо добива засилување за иднината, Реал ќе мора да плати 45 милиони долари

Реал Мадрид е на чекор до потпишување со аргентинскиот фудбалски бисер Франко Мастантуоно,…