
Тоа што се шпекулираше со месеци неодамна стана и официјално, Реал Мадрид по сезоната без трофеи ќе остане без тренерот Карло Анчелоти.
Италијанскиот експерт реши да го напушти Мадрид и да започне нова авантура на клупата на репрезентацијата на Бразил каде го очекуваат многу предизвици со фокус на Светското првенство 2026 година.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, првиот човек на Реал, Флорентино Перез, има идеја да го врати Анчелоти во Мадрид веднаш по споменатото Светско првенство, пренесува Марка.
Истата извор наведува дека Перез и Анчелоти разговарале за можноста Италијанот овој пат да преземе некоја од функциите во клубот и дека постои голема шанса тоа да се случи.
Тие двајцата останаа во одлични односи, Анчелоти сам истакна дека на „кралскиот клуб“ му е потребна нова енергија бидејќи не беше во состојба да ја преокрене сезоната во клучните моменти.
Не е тајна дека Перез многу ги почитува тренерските, но и човечките квалитети на искусниот италијански стратег, па не би било изненадување ако Карлето наскоро повторно го видиме во Мадрид, овој пат во поинаква улога.
Фото: Принтскрин
.