
Реал Мадрид претрпе тотален шок во 26-то коло на шпанската Ла Лига и загуби од Хетафе на Сантијаго Бернабеу со резултат 0-1.
Ова се порази што го болат на Реал, прво што доаѓа од помал градски ривал кој по 18 години славеше на Бернабеу, а второ што сега заостануваат четири поени за лидерот Барселона во трката за титулата.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
По натпреварот стигнаа остри коментари, а една ноќ без сон имаше еден фудбалер на Реал.
Најостри критики доби 20-годишниот дефанзивец Дин Хујсен, кој влезе во игра во второто полувреме.
Споменатиот фудбалер во 55-та минута го замени Алаба, а многу брзо доби и жолт картон што значи суспензија за наредниот натпревар бидејќи веќе имаше парни жолти картони.
Шпанските медиуми сметаат дека Хујсен направил глупост бидејќи Реал веќе има проблеми во дефанзивата.
Исто така, го посочија како фудбалер кој е во најголем пад на форма, а не го поштедија ни навивачите.
„Тој не знае каде се наоѓа”, “Однесување на дете”, “Потроши само измена”, “Нема смисла да се гледа ова”, “Катастрофа што направи”, се само некои од коментарите на навивачите на Реал.
Покрај тоа, Флорентино Перез беше многу лут по натпреварот. Жестоко ги критикуваше играчите и тренерот Алваро Арбелоа, пренесуваат шпанските медиуми. Првиот човек на Реал наводно имал обраќање до играчите по натпреварот со покачен тон.