Дома Фудбал Перез носи нов „галактикос“ од 100 милиони евра, планот е совршен!

Перез носи нов „галактикос“ од 100 милиони евра, планот е совршен!

Освојувачот на „Златна топка“ и играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, е наредната голема мета на Реал Мадрид.

Флорентино Перез и Чаби Алонсо се свесни дека од заминувањето на Тони Крос, а и ова лето на Лука Модриќ, Реал се соочува со потенцијален проблем во средниот ред, но договориле дека нема да купуваат било кого по секоја цена.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Така што, планот на Реал сега е да го следат Родри, кој ја пропушти речиси целата мината сезона поради повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото, и дека ќе тргнат по него наредното лето ако ја врати старата форма.

Флорентино Перез одамна го означи Родри како потенцијална „бомба“ во иднина, но повредата на коленото го одложи обидот на Реал за добивање на неговиот потпис.

Најверојатно, Перез нема да се двоуми ни да исплати 100.000.000 евра за неговиот потпис, доколку Родри биде на нивото од 2024 година кога ја освои „Златната топка”.

Шпанецот има договор со Манчестер сити до летото 2027 година, доколку не потпише нов, наредното лето влегува во последната сезона на „Етихад”, што значително му олеснува на Реал потенцијални преговори.

Родри во Шпанија настапуваше за Виљареал и Атлетико Мадрид, пред да биде купен од Сити летото 2019 за дури 80.000.000 евра.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се јави се човекот поради кого Модриќ повеќе не ја носи „десетката“ на дресот

Лука Модриќ стана нов фудбалер на Милан, а ќе им се приклучи на соиграчите на почетокот на…