Дома Фудбал Перез не може да се помири – подготви нов удар за „Златната топка“

Перез не може да се помири – подготви нов удар за „Златната топка“

Реал Мадрид и оваа година нема да биде дел од свеченоста на доделувањето на „Златната топка“, која ќе се одржи на 22 септември. Шпанскиот гигант одлучил да ја бојкотира церемонијата, продолжувајќи со истата практика од минатата година.

Според пишувањата на шпанските медиуми, одлуката е резултат на незадоволството од исходот на гласањето во 2024 година, кога наградата му припадна на Родри од Манчестер Сити. Во таборот на „кралевите“ тогаш сметаа дека токму Винисиус Жуниор заслужувал да биде прогласен за најдобар, што предизвика големи реакции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претседателот на клубот, Флорентино Перез, сè уште не се има помирено со тој развој на настаните, па токму по негова директива Реал Мадрид ќе ја игнорира и овогодинешната церемонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез ги договори условите: Ќе падне важен потпис во Мадрид до 2030 година

Брахим Дијаз ќе потпише и официјално нов договор со Реал Мадрид. Иако не е редовен стартер…