Дома Фудбал Перез му се јави на Алонсо и му даде јасна инструкција: Сè ќе се врти околу тој фудбалер

Перез му се јави на Алонсо и му даде јасна инструкција: Сè ќе се врти околу тој фудбалер

Чаби Алонсо во недела се збогуваше со Баер Леверкузен, а неговиот нов предизвик ќе биде да го врати Реал Мадрид на победничка патека, особено по поразот од Барселона во Ел Класико.

Дури ни хет-трикот на Килијан Мбапе не можеше да извади ништо позитивно за Реал, бидејќи Кралевите по четврти пат оваа сезона загубија од Барселона.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Реал водеше по петнаесет минути благодарение на двата гола на францускиот напаѓач, но Барса успеа да го сврти резултатот во првото полувреме, постигнувајќи четири гола.

Иако лично не можеше да го види тоа, ова беше нешто што Флорентино Перез го извади од такт, и претседателот на Реал веднаш по натпреварот го повика Чаби Алонсо за да разговараат за идните планови на клубот.

Според „Defensa Central“, разговорот меѓу човекот кој ќе го наследи Карло Анчелоти и долгогодишниот претседател на Кралевите беше многу интензивен.

„Проектот за следната година ќе се врти околу Мбапе. Тој беше единствениот кој ги исполни очекувањата против Барселона и заслужува да ја предводи екипата“, наводно Флорентино Перез му кажал на Чаби.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Урнебесна сцена во „Ел Класико“: Погледнете што му направи Модриќ на Де Јонг (Видео)

Лука Модриќ ги одигра последните 45 минути од неделното Ел Класико и се истакна со два мае…