
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез и тимот што го води кралскиот клуб, донесоа одлука да ја напуштат Евролигата и ќе бидат еден од 12 клубови кои ќе играат во проектот НБА Европа.
Флорентино Перез изминатите години беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако заедно со Барселона и уште неколку клуба, се обиде да создаде Суперлига, затворена лига во која ќе настапуваат само најдобрите тимови од Стариот континент.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во тоа не успеа. Остана сам во проектот за кој сè уште верува дека ќе заживее, но додека тоа се случи, 78-годишникот одлучи кошаркарската секција на клубот да ја оддели од Евролигата.
Реал ќе биде вклучен во проектот НБА Европа кој треба да започне во октомври 2027 година. Таа лига ќе биде дел од најсилната кошаркарска лига во светот (NBA) и во своето натпреварување ќе има некои од најсилните европски клубови.
Планот е лигата да брои 16 клуба. 12 ќе бидат постојани учесници, а четири тима ќе доаѓаат преку квалификации. Реал Мадрид е еден од основачите, а Флорентино Перез го привлече огромна парична сума.