Дома Фудбал Перез доби лош одговор од Ливерпул – му бараат 100 милиони евра

Перез доби лош одговор од Ливерпул – му бараат 100 милиони евра

Ова сезона Реал Мадрид и Ливерпул се чини дека се во центарот на вниманието кога станува збор за шпекулациите околу трансферите бидејќи наводно „кралевите“ имаат „фрлено око“ на неколку играчи на „црвените“. Сега на ред дојде Алексис Мак Алистер, но на „Енфилд“ го решија Флорентино Перез во еден потег.

Шпанските медиуми објавија дека МакАлистер е на мета на Реал Мадрид кој внимателно ги следи игрите на Аргентинецот и верува дека тој би бил одлично засилување во средниот ред и вистинска замена за Тони Крос и Лука Модриќ.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„Фихајес“ пишува дека Флорентино Перез дури контактирал со раководството на Ливерпул за да провери дали трансферот на Мек Алистер е можен, но краткиот одговор на „црвените“ му дал јасен одговор на тоа прашање.

На „Енфилд“ испратија порака дека не размислуваат за продажба на Мак Алистер, но доколку Аргентинецот не може да одолее на повикот од Мадрид, јасно рекоа дека неговата цена ќе биде најмалку 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти донесе радикална одлука по драмата на „Месталја“

Реал Мадрид во возбудлив натпревар славеше на „Месталја“ против Валенсија. „Кралевите“ во …