
Реал Мадрид триумфално се врати на победничките патеки на Светското клупско првенство. По ремито со Ал-Хилал во првото коло, тимот на Чаби Алонсо требаше да оствари победа за да остане во трка за пласман од групната фаза. Тоа го постигнаа со убедлива победа од 3:1 на стадионот Банка на Америка.
По завршувањето на натпреварот, фудбалерите на Реал се вратија во соблекувалната на домашниот тим, каде ги пречека необичен повик. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој не беше присутен во Шарлот, им се јави на играчите преку телефон и испрати неколку пораки на тимот.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Освен што им честиташе на заслужената победа против екипата што ја води Хавиер Лозано, претседателот побара да разговара лично со Дин Хијсен. Младиот дефанзивец, кој летово се приклучи на Реал, остави солиден впечаток во своите први две појави за новиот клуб.
Имајќи го предвид неговиот придонес од 180 минути во дресот на Реал, вклучувајќи и клучни интервенции во двата натпревари, Флорентино му упати јасна порака: “Одигра фантастичен меч”. Неговото мирно и одговорно држење во последната линија, и покрај раното исклучување на Раул Асенсио, придонесе за позитивни изненадувања и во клубските канцеларии во Валдебебас.
“Изгледа како да си веќе тука десет години”, му порачал Перез. Ваквите комплименти навестуваат дека клубот во Хујсен гледа важен дел од својата сегашност и иднина. Неговото ангажирање веќе се смета за полн погодок, барем според тоа што го покажал на Светското првенство.
Фото: Real Madrid/X