Дома Фудбал Перез бил бесен по вчерашниот кикс на Реал, веднаш му кажал на Арбелоа што одлучил!

Перез бил бесен по вчерашниот кикс на Реал, веднаш му кажал на Арбелоа што одлучил!

Реал Мадрид вчера одигра само 1-1 со Жирона.

Навивачите на мадридскиот тим доживеаја уште една ноќ на разочарување, гледајќи ги своите фаворити како се мачат на теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имааа „кралевите“ предност од 1-0 откако Валверде постигна гол.

Сепак, нивната радост не траеше долго, бидејќи само десет минути подоцна Лемар го израмни резултатот.

Кога се очекуваше подобра игра на Реал Мадрид со напади за ново водство, беше видена апсолутна немоќ од домашниот тим.

Во самиот финиш на натпреварот, домаќините имаа неколку шанси, но не успеаја да постигнат гол за победа.

Барселона, пак, ако денес победи против Еспањол, може да побегне на дури девет бодови предност.

Што се однесува до Реал Мадрид, нивниот следен натпревар е закажан за среда против Баерн во Минхен во рамките на Лигата на шампионите.

Големи вести стигнаа по натпреварот вечерва во Мадрид.

На Алваро Арбелоа му било кажано дека нема да остане тренер на Реал Мадрид следната сезона.

Дидиер Дешамп е едно од имињата на листата, но сега нов главен фаворит за преземање на клубската клупа е на повидок.

Станува збор за Јулијан Нагелсман, кого Флорентино Перез го посакува лично во Реал Мадрид од следното лето.

Дали ќе успее да го доведе останува да видиме, но е јасно дека неговото доаѓање би било огромно за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа бесен, тврди дека Реал е оштетен за чист пенал: ВАР се користи само кога на друг му одговара! (Видео)

Реал Мадрид повторно не успеа да победи, и по третпат последователно не оствари триумф, а …