Дома Фудбал Пеп откри дека веќе знае што ќе работи откако ќе го напушти Сити, па со една реченица ги шокираше сите

Пеп откри дека веќе знае што ќе работи откако ќе го напушти Сити, па со една реченица ги шокираше сите

Гвардиола на клупата на Манчестер Сити пристигна уште во летото 2016 година и никаде не се задржа толку долго како на Етихад.

Иако во текот на сезоната се шпекулираше дали ќе замине или ќе остане, тој и покрај лошите резултати реши да го продолжи договорот со англискиот клуб кој ќе трае до летото 2027 година.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Меѓутоа, кога станува збор за кариерата по завршувањето на Манчестер Сити, тука веќе Пеп има јасен план.

Шпанскиот тренер порача дека ќе остане до крајот на договорот до летото 2027 година и дека веќе сега знае што ќе прави кога ќе го напушти Манчестер Сити.

Гвардиола најави дека по заминувањето од Етихад ќе земе пауза, но многумина ги изненади со изјавата дека не е исклучено дури и да се пензионира.

“Откако ќе ми истекне договорот со Сити, ќе застанам. Не знам дали ќе се пензионирам, но сигурно ќе земам пауза. Како сакам да ме запомнат? Не знам, мислам дека навивачите на Барселона, Баерн и Сити уживаа да гледаат како моите екипи играат”, рече Гвардиола.

Оваа изјава ја изненади фудбалската јавност, и многумина се надеваат дека тоа ќе биде само пауза и дека Гвардиола нема да се пензионира, бидејќи е јасно дека овој 54-годишник има уште многу што да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арапите нудат 800 милиони евра за две клучни фигури на Реал?

Арапските и шпанските медиуми известуваат дека Ал Хилал сериозно е заинтересиран за две кл…