Дома Останати Тенис Амaтер го победи Синер во Мелбурн: Италијанскиот тенисер претрпе тешка непријатност (Видео)

Амaтер го победи Синер во Мелбурн: Италијанскиот тенисер претрпе тешка непријатност (Видео)

На Австралија Опен е во тек единствен настан наречен „1 point slam“. Организаторите најавија фантастично натпреварување каде секој меч завршува со само еден освоен поен, а професионалците се натпреваруваат против аматери.

Натпреварувањето започна оваа среда, а од турнирот испадна Јаник Синер! Форматот вели дека победникот на еден поен продолжува понатаму, а победникот на турнирот на крајот добива награда од 600.000 евра, односно милион австралиски долари.

На почетокот на дуелите се игра “хартија, камен, ножици”, за да се одреди кој ќе сервира, а на Синер му се случи нешто незамисливо во второто коло. Тој беше поразен поради пропуштениот сервис и веќе е испаднат!

Џордан Смит се пласираше во следното коло откако неговиот противник не успеа да ја премине топчето преку мрежата од стартот, па така аматерскиот шампион на Нов Јужен Велс имаше причина за славење.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ежени Бушар одби да се ракува со Украинка по поразот на турнирот во Чикаго

Канадската тенисерка Ежени Бушар одби да се ракува со својата украинска противничка по пор…