Дома Фудбал Пеп ќе го промени „ДНК“-то на Сити поради Донарума

Пеп ќе го промени „ДНК“-то на Сити поради Донарума

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска дека ќе ја прилагоди играта на новиот голман Џанлуиџи Донарума и од него нема да очекува исти играчки способности какви што имаше Едерсон.

Бразилскиот голман Едерсон, по осум успешни години во Сити, минатата недела премина во Фенербахче и беше познат по своите технички вештини и вештите додавања на теренот. Поради тоа добро се вклопуваше во стилот на игра на Гвардиола, но шпанскиот тренер не може тоа да го очекува од Донарума, чија додадување на топката не е негова силна страна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Италијанскиот голман, кој пристигна од Пари Сен Жермен, би можел да дебитира веќе во недела во градското дерби против Манчестер Јунајтед.

“Секогаш се обидувам да се прилагодам на квалитетот на играчите. Нема да барам од Џиџи да прави нешто што му е непријатно. Кога зборуваме за Едерсон, тој е најдобар што сум го видел во додавањата, кратки и долги. Не го доведовме Џиџи да работи тоа што го правеше Едерсон. Џиџи има друг квалитет”, изјави Гвардиола.

Тој додаде дека, истакнувајќи ги квалитетите на Едерсон, не се обидува да го “поткопа” Донарума и со воодушевување зборуваше за италијанскиот голман.

“Толку е висок, огромен е. Неговото присуство ќе биде огромно на големата сцена. Она што го направи во Лигата на шампионите минатата сезона на Вила Парк, Анфилд, во многу натпревари, докажува колку е добар”, наведе тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Бајандир брани против Сити, Ламенс ќе брани години

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека нема да го менува голманот за …