Дома Фудбал Пеп го спореди Халанд со напаѓачот вреден 145 милиони евра. Одговорот ги изненади Англичаните.

Пеп го спореди Халанд со напаѓачот вреден 145 милиони евра. Одговорот ги изненади Англичаните.

Пеп Гвардиола јасно изјави дека за него нема подобар напаѓач од Ерлинг Халанд. Менаџерот на Манчестер Сити одговараше на прашање од англиските новинари за споредба меѓу Халанд и новото засилување на Ливерпул, Александер Исак, кој чинеше 145 милиони евра, откако Арне Слот изјави дека Исак е најдобар во светот.

„Халанд го поставувам малку погоре. Исак е одличен играч, но ме прашавте за Ерлинг и тој е врвен“, рече Гвардиола.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој додаде дека Исак заслужува секоја пофалба, но и дека според неговото мислење ниту Лионел Меси не може да застане пред Норвежанецот. „Исак веројатно е врвен играч штом толку многу платиле за него. Некој друг би можел да спомне Мбапе, Меси или Кристијано Роналдо, но јас не би го заменил Ерлинг со никого“, нагласи Гвардиола и ги изненади Англичаните бидејќи е познато колку каталонскиот стручњак го обожава Меси.

Норвежанецот пристигна во Сити во 2022 година од Борусија Дортмунд. Во дресот на Граѓаните досега одигра 149 натпревари и постигна 127 голови. Оваа сезона во Премиер лигата продолжи во ист ритам, со три погодоци во три натпревари.

Дека е во одлична форма, покажа и во дресот на репрезентацијата. Во квалификацискиот натпревар против Молдавија неодамна постигна дури пет голови и стана најдобар стрелец на квалификациите за СП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срцето му застана на 50 секунди: Поранешниот фудбалер на Челси заврши со фудбалот засекогаш

Оскар одлучи да се повлече од фудбалот по застрашувачкиот здравствен инцидент. Оскар во по…