Дома Фудбал Пеп до новинарите: Дали сакате да ме отпуштите? Челси изгуби неверојатен тренер и неверојатен човек

Пеп до новинарите: Дали сакате да ме отпуштите? Челси изгуби неверојатен тренер и неверојатен човек

Менаџерот на Манчестер Сити Џозеп Гвардиола разговараше со медиумите за неделното дерби против Челси. Шпанецот изјави доста интересни коментари, особено во врска со отпуштањето на Енцо Мареска од лондонскиот клуб, кој пак се споменува како наследник токму на Пеп на чело на „граѓаните“.

„Единствено што можам да кажам е дека според мене Челси изгуби неверојатен тренер и неверојатен човек. Тоа е одлука на раководството на Челси, така што немам што да кажам. Извонредно сум среќен во клубот во кој сум. Мојот клуб е исклучителен“, рече Гвардиола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој беше прашан за тврдењата дека Мареска веќе зборувал со Сити за да го наследи на позицијата: “Немам поим. Сигурен сум дека вие имате повеќе информации од мене. Како можам да ви дадaм информации за мислење кое е само мислење и гласина? Нема да одговорам на ова прашање. Дали сакате да ме отпуштите? Платата ми е толку висока што имам уште една година“.

“Дали ќе сум тука и следната сезона? О, Боже мој. Имам договор. Сум го кажал ова илјадници пати, знам дека ви е досадно од тоа да ме слушате, тука сум веќе десет години, и ви ветувам дека еден ден ќе заминам, но имам договор, среќен сум и сакам да се борам со мојот тим. Раководството ме почитува – го докажаа тоа минатата сезона, кога не добивме ниту еден натпревар три месеца, а тие ме поддржаа“, продолжи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серхио Рамос подготвен да ја купи Севиља

Приказната за продажба на Севиља трае веќе неколку месеци, но последните денови на старата…