Дома Фудбал Пеп: Чаби, пишувај сам решавај. Јас нема да пишувам наместо тебе

Пеп: Чаби, пишувај сам решавај. Јас нема да пишувам наместо тебе

Атмосферата на Сантијаго Бернабе беше тешка од неделата навечер, откако Реал доживеа пораз на домашен терен од Селта со 2:0. Натпреварот од Ла Лига, кој се очекуваше да биде рутински, се претвори во вистински кошмар за мадридскиот гигант. Поразот, тешката повреда на клучниот дефанзивец Едер Милитао и трите црвени картони допринесоа за тоа.

Овој резултат го оддалечи актуелниот шампион од врвот на табелата и стави огромен притисок на младиот тренер. Според шпанските медиуми, Алонсо е во опасност од отказ. Ако не успее да победи против Манчестер Сити во шестото коло од Лигата на шампионите на Сантијаго Бернабеу, можеби ќе го загуби местото. За неговата ситуација зборуваше Пеп Гвардиола пред новинарите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Каков совет, скоро пријателски, би му дале на Чаби Алонсо?”, беше прашање кое создаде тишина во просториите на Бернабеу. Потоа, Гвардиола се насмевна и одговори:

“Нека сам решава. Јас нема да го направам неговиот дел. Ви се допаѓа оваа насловна, нели?”

“Тука имате наслов, хаха”, се пошегува дополнително, свесен за своите зборови. “Се разбира дека сочувствувам со него”, почна Пеп и продолжи: “Немам разговарано со Флорентино, ниту пак тој ми кажал дека ќе му биде последен натпревар ако загуби; правите многу претпоставки и тоа е нормално, на сите ни се случува, но разбирам дека Чаби држи под контрола и знае за што се работи.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк за победата на Ливерпул против Интер: Очигледен пенал, но сепак…

Во Италија владее незадоволство од германскиот судија Феликс Цвајер, кој за Ливерпул досуд…