
ПСЖ синоќа во Лондон славеше со 1:0 против Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а човекот на одлука беше Усман Дембеле, кој во четвртата минута го постигна единствениот гол.
Арсенал, за разлика од дуелот со Реал Мадрид во четвртфиналето, не покажа многу и Топџиите очигледно останаа без муниција, додека Паризаните можеа и поуверливо да слават.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Сега се дефинитивно чекор поблиску до ново финале во Лигата на шампионите, иако на Паркот на принцовите нема да биде лесно да се заврши работата. Дополнително, изгледа дека ќе бидат хендикепирани бидејќи овој дуел може да го пропушти токму најдобриот стрелец на тимот, Дембеле.
Дембеле, чиј гол во четвртата минута ја реши првата утакмица во корист на ПСЖ, во 70. минута беше заменет со резервниот играч Бредли Баркола откако седна и се фати за задниот дел на ногата пред клупата на ПСЖ.
„Ќе се обидеме да го вратиме Дембеле на теренот“, рече Луис Енрике. „Но, ние сме вистински тим. Ако Усман може да игра, тоа е подобро. Но, ако не може, ќе останеме вистински тим. Тоа го велиме од почетокот на сезоната”, порача Енрике.
Фото: Принтскрин