Дома Останати Кошарка Паника во Филаделфија: Ембид го чека пензија!?

Паника во Филаделфија: Ембид го чека пензија!?

Џоел Ембид претрпе нова повреда, поради која ќе го пропушти продолжението на сезоната. Кошаркарот со пасоши на Камерун, Франција и САД има проблем со левото колено, што го спречува да продолжи со истиот ритам кој го имаше претходните години.

Првиот план на Филаделфија е нивниот центар да не оди на операција, туку идејата е да се рехабилитира од повредата преку терапии и рехабилитација. Ѕвездата на франшизата од истокот предизвикува многу интерес, па низ медиумите се провлекуваат многу идеи за следните чекори на неговиот клуб.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


НБА инсајдерот Кит Смит истакна дека Филаделфија би можела да поднесе барање за „медицинско пензионирање“ на олимпискиот шампион од Париз.

„Таа процедура изгледа така што независен доктор, избран од страна на НБА, треба да го прегледа Ембид. Во случај да се заклучи дека не може да игра, делот од неговиот договор што останува би бил отстранет од финансиските книги на клубот“, објасни Смит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Готово: Поранешен тренер на Барселона ќе го води Партизан!

Кошаркарскиот клуб Партизан конечно доби нов треньор. Шпанецот Жоан Пенароја ќе ги предвод…