Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, беше назначен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации. Во согласност со оваа нова одговорност, Пандев поднесе оставка од функцијата претседател на прволигашот Брера Струмица, со цел да избегне можен судир на интереси и да обезбеди целосна посветеност на националниот фудбал.
Со овој чекор, Пандев ја потврди својата долгогодишна посветеност кон развојот на македонскиот фудбал, истакнувајќи ја важноста од создавање услови за напредок и успех на сите нивоа – како во клупскиот, така и во репрезентативниот фудбал.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Од секогаш сум верувал дека македонскиот фудбал има огромен потенцијал, но за тоа е потребен сериозен и професионален пристап. Нашите репрезентации треба да бидат нашата гордост и светост, а нивниот развој треба да се гради со континуитет. Убеден сум дека новото раководство ќе ја внесе потребната енергија и насока, за која ќе се гордееме сите како нација“, изјави Пандев.