Дома Фудбал Пандев: Добиваме селектор кој многу дал за македонскиот фудбал!

Пандев: Добиваме селектор кој многу дал за македонскиот фудбал!

„Гоце Седлоски и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Поранешниот капитен на „рисовите“ повторно се враќа во националниот тим, но овојпат како предводник од клупата, со сериозен предизвик пред себе.

Поддршка за именувањето на Седлоски пристигна и од Горан Пандев, негов поранешен соиграч од репрезентативните денови, а денес функционер во Фудбалската федерација на Македонија. Пандев потенцира дека Седлоски е логичен и вистински избор за селекторската позиција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Му честитам на Гоце Седлоски за новата функција, но и сакам да му се заблагодарам на Благоја Милевски за сè што направи за македонскиот фудбал. Со Седлоски се знаеме долго време, сме делеле терен и добро го познавам и како човек и како професионалец. Сметам дека Македонија добива селектор кој многу му дал на нашиот фудбал, прво како играч, а потоа и како тренер, и во земјава и во странство. Станува збор за млад и амбициозен стручњак со потенцијал да ја крене репрезентацијата на повисоко ниво. Пред нас е период на работа, верувам во него и му посакувам многу успех“, изјави Пандев.

Седлоски ќе го има своето прво официјално појавување на селекторската клупа во март, кога Македонија ќе се соочи со Данска во бараж-дуелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сестрата на Меси повредена во тешка сообраќајна несреќа – со автомобилот се забила во ѕид!

Сестрата на Леонел Меси, Марија Сол Меси, доживеа тешка сообраќајна несреќа во Мајами. Спо…