Дома Фудбал „Пакувајте се и заминувајте“: Мареска отпиша шестмина фудбалер на Челси

„Пакувајте се и заминувајте“: Мареска отпиша шестмина фудбалер на Челси

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, реши во зимскиот трансфер период да ја исчисти соблекувалната и да испрати најмалку шест играчи кои повеќе не се дел од неговите планови.

Клубот активно бара дестинации за фудбалерите кои „не влегуваат во составот“, а одлуката на италијанскиот тренер доаѓа откако претходно ова лето не успеа да го олесни составот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На листата за заминување се наоѓаат: Тосин Адарабиојо, Факундо Буоаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадиашил и Филип Јоргенсен.

Од оваа група, само Адарабиојо повремено добиваше шанса, но без убедливи настапи. По натпреварот против Лидс практично беше изоставен од првата листа и остана без перспектива во првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо: Босна и Херцеговина е Монт Еверест за нас

Италија ја победи Северна Ирска со 2:0 во првиот плејоф натпревар за Светското првенство и…