Лука Модриќ испиша историја на Местаља. Со гол против Валенсија, неговиот 40-ти во кариерата во Мадрид, капитенот на Кралскиот клуб стана најстариот стрелец на Реал Мадрид во официјални натпревари (39 години и 116 дена), престигнувајќи го Пушкаш (39 години и 15 дена).
Хрватот е десетти по број на настапи во историјата на клубот. Во својот 561-ви натпревар за Реал Мадрид, капитенот на “Ватрени” со голот за 1-1 во 85-та минута изедначи рекорд на две легенди на Реал Мадрид, Пиррија и Мичел.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Тој исто така влезе во топ 10 по број на настапи за најтрофејниот шпански клуб. Настапите на Модриќ за Реал Мадрид се поделени на следниов начин: 378 во Ла Лига, 126 во Лигата на шампионите, 29 во Копа дел Реј, 13 во Шпанскиот суперкуп, осум на Светското клупско првенство, шест во Европскиот суперкуп и еден во Интерконтиненталниот куп.
По натпреварот во Валенсија, Хрватот зборуваше за Real Madrid TV и беше среќен што ги достигна овие бројки:
“Рушењето на рекордите секогаш е убаво. Да се достигне овој број на натпревари и да се изедначи со легенди како Пиррија и Мичел е извор на гордост. Мораме да продолжиме вака”.
За натпреварот на Местаља, кој Реал Мадрид го сврте со играч помалку (исклучен Винисиус) од 0:1 на 2:1:
“Уште еднаш покажавме неверојатен карактер што има овој тим, никогаш не престанавме да веруваме. Одбивме да се предадеме и на крај успеавме да свртеме еден многу тежок натпревар. Не изгледавме ни малку удобно во првото полувреме, но бевме многу подобри по паузата. Малку бевме несреќни со пеналот и голот ни беше поништен, но ја задржавме верата и успеавме да свртиме. Овие се победите што можат да ви помогнат да освоите титули.”