Она што беше најавено утрово доби и официјална потврда, 38 годишниот Роб Грин пристигнува во Челзи како слободен играч.
Грин на „Стенфорд Бриџ“ веројатно би ја имал улогата на трет голман, зад Куртоа и Вили Кабаљеро, но постои и можност да стане втор избор доколку Куртоа го реализира најавуваниот трансфер во Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Искусниот голман последниот натпревар го одигра во август 2018 година за Лидс во ЕФЛ Купот, после што премина во Хадерсфилд каде што беше втора опција.
„Размислувате за тоа каде сакате да ја продолжите кариерата и во тој момент добивате телефонски повик од Челзи. Разговорот беше краток, последните 24 часа беа навистина драматични за мене. Среќен сум и чест ми е што добив прилика да бидам дел од Челзи“, изјави Грин.
Chelsea FC has today completed the signing of Rob Green, who joins to provide backup for Thibaut Courtois and Willy Caballero… https://t.co/EzkhZxBHu6
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 26, 2018