Дома Топ вести Oфицијално: Брајтон доведе рекордно засилување!

Oфицијално: Брајтон доведе рекордно засилување!

Англискиот премиерлигаш Брајтон објави дека постигнале договор со Бразилецот Жоао Педро кој според информациите од Островот пристигнува за сума од 30 милиони фунти.

Станува збор за напаѓач кој има 21 година и потекнува од школата на Флуминенсе, а во Англија дојде во 2020 година кога потпиша за Вотфорд. За овој тим постигна 23 гола на 104 натпревари.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Со задоволство можеме да објавиме дека го договоривме трансферот на напаѓачот Жоао Педро од Ватфорд“, потврди премиерлигашот.

Покрај Жоао Педро, на големо се шпекулира дека следно засилување за Брајтон ќе биде Џејмс Милнер на кого му истекува договорот со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…