Барем според најавите во медиумите, Саудиска Арабија се подготвува за уште едно лудо лето на трансфер пазарот.
Во Саудиска Арабија веќе се фудбалери како Канте, Бензема, Марез, Фирмино, Милинковиќ-Савиќ…Астрономските суми кои ги даваат сопствениците на клубовите во оваа земја се главниот мотив за фудбалерите да се одлучат да играат фудбал во оваа земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најавите главни мети на саудијците во летото кое следи ќе бидат фудбалерите од Премиер лигата и тоа Кевин Де Брујн од Манчестер Сити, Мохамед Салах од Ливерпул и Касемиро од Манчестер Јунајтед.
Тројцата фудбалери се над 30 години, но и натаму имаат што да покажат во фудбалот, па затоа богатите сопственци нема да жалат пари да ги доведат. Салах се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија и минатото лето, тогаш се споменуваше сума од 250 милиони евра.