Фудбалерите на Арсенал денес на гостински терен против Евертон доживеаа пораз од 1:0, а пред крајот на натпреварот Месут Озил искажа голем револт.
Него тренерот Унаи Емери се одлучи да го замени во 74-тата минута, а тогаш на местото на Озил во игра влезе Алекс Ивоби. Ваквиот потег на Емери очигледно не му се допадна на Германецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Озил седна на клупата и веднаш се одлучи да го покаже својот револт така што својата јакна ја фрли кон тренерот Емери.
Англиските медиуми одат толку далеку што тврдат дека ако Озил навистина фрилил кон Емери би можел да заработи отказ на крајот од сезоната. Како и да е и да не се работи за фрлање кон Емери јасно е дека вакви работи тренерите тешко толерираат, останува да се види дали и ако има каков ќе биде одговорот на Емери.
Mesut Ozil launching his jacket at Unai Emery ? pic.twitter.com/wZiIKhMjrt
— Sean Kearns (@SeanPaulKearns) April 7, 2019