Месут Озил не добива шанса во екипата на Арсенал веќе долго време, иако заработува неверојатни 350.000 фунти неделно, па сега се поврзува со трансфер во друг клуб.
Озил се поврзуваше со преселба во Турција, иако не се исклучува можноста да засили и некој гигант од МЛС-лигата, а сега и самиот откри каде сака да игра во иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постојат две држави каде што би сакал да ја завршам кариерата. Една од нив е Турција, додека втората е САД. Ако се преселам во Турција, тогаш тоа ќе биде во Фенербахче, затоа што сум нивни навивач. Тоа е како Реал Мадрид во Шпанија“, вели Озил.